За време на овој викенд и понатаму во Македонија продолжува сувиот студ, а особено наутро температурите понекаде ќе се спуштат и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, па така на многу места максималните дневни температури ќе се искачат само за неколку степени над нулата.
И во Скопје ќе имаме слично време, стабилно, суво и студено. Особено наутро температурата се очекува да се спушти и под -5 степени. Максималната температура ќе се искачи само за неколку степени над нулата.
Да напоменеме дека денес и утре ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Нови локални врнежи од дожд и од снег ќе има во понеделник и во вторник. Поголемо затоплување на времето ќе имаме кон крајот на следната седмица кога температурите ќе бидат натпросечно високи и понекаде ќе се искачат дури до пролетни 17 степени, прогнозира Попоски.
Неговата последна прогноза се покажа како неточна. Еве што тој прогнозираше на почетокот од годинава.
– Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе имаме околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран, прогнозираше Попоски.