Празничен разговор со Лила, за детството, празниците некогаш и сега, но и кој е банкарот?
– Не можам да откријам кој е банкарот, оти мистеријата веднаш ќе исчезне. Нема да биде тоа тоа. За многу работи се вели дека треба да останат неоткриени и мистериозни, така што нас тоа добро ни оди сите овие години и го поздравувам мојот банкар, рече Лила.
„Во животот ништо да не ве боли и никој да не ви фали“, со оваа порака и желба познатата ТВ водителка Лила од „Се или нешто“ на ТВ Сител им ги честитеше новогодишните и божиќните празници на гледачите во разговорот за утринската програма „Ја сакам Македонија“.
Меѓу другото во петнаесетина минути Лила зборува и за нејзиниот приватен живот, далеку од камерите, навраќајќи се во детството и тинејџерството. Прави кус осврт на почетоците на најгледаното ТВ шоу „Се или нешто“, но и што ја прашуваат луѓето за квизот.
Посвети минути и на тоа како и кој ја подготвува празничната трпеза, дали и какви манџи знае да прави, но и што ја инспирира во животот.