Како што пренесуваат српските медиуми, пејачот Аца Лукас е приведен во текот на ноќта, бидејќи немал возачка дозвола и поради претходни прекршоци. Како што се наведува, тој тргнал на Копаоник на закажан настап, но кај Брус бил сопрен од сообраќајни полицајци, по што бил одведен на понатамошно испитување.

Како што соопштиле од клубот од Копаоник, пејачот јавил дека нема да биде пуштен на време за настапот.

Неговиот автомобил е фотографиран синоќа пред полициската станица во Брус, каде што е приведен.

Ова апсење предизвика големо внимание во јавноста, со оглед на популарноста на пејачот Аце Лукас. Многу фанови изразија шокираност и загриженост поради овој настан, а имаше бројни шпекулации за причините за апсењето.

Како што пишува српскиот портал “Republika”, во автомобилот на Лукас биле пронајдени кокаин, марихуана и неколку видови на таблети, поради што и бил приведен.

Лукас својот приватен живот никогаш посебно не го криел од јавноста и фановите, и за секоја тема често зборува со медиумите. За својот живот напишал книга, снимил и филм, а отворено зборувал и за пороците кои никогаш не ги криел.