Милан Мукоски, син на експратеникот Крсто Мукоски загина во сообраќајка која се случи вчеравечер, дознава „Скопје1“. Загинатиот имаше 20 години. Според, информациите кои ги имаме, несреќата се случила на патот кон Вевчани 1 часот по полноќ.
Синот на експратеникот управувал возило „ауди“, со кое излетал од патот. Починал на лице место, обидите за реанимација биле неуспешни.
– На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.
Увид извршил јавен обвинител и полицајци од Струга. Милан е најстариот син на пратеникот.