– Трагично угинува синот на Крсто Мукоски. Деветнаесет годишно дете, сообраќајка. На инфомакс пејџот колку сакаш коментари од типот Бог да го прости ама Господ му враќал за предавството, удирал каде што боли. Алоооо “верници” Господ и ситење на смрт на млад човек одат ли во иста реченица? Јас Крсто би го стрелал, но неговото дете нека почива во мир, ништо не Ви згрешило!!!!, напиша адвокатот Јанаки Митровски на социјалните мрежи.
Трагична вест го потресе Вевчани утрово. Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. Денеска во раните утрински часови се случи тешка трагедија каде млад вевчанец го загуби животот како последица на трагична сообраќајна несреќа.
Информацијата ја потврдија од МВР. На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.