Сообраќајната незгода се случила попладнево во 15:30 часот на улицата “Јане Сандански”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Возило марка “Рено” со охридски регистарски таблички изгубило контрола и удрило во бетонски столб. Во незгодата нема повредени, се наведува во информацијата.

На местото на незгодата интервенираше екипа на противпожарната служба од Охрид, а увид изврши сообраќајната полиција.

ФОТО: ohridnews.com