Прославата на српската Нова година во 1997 година во Белград започна со прослава, а заврши со пребројување на чаури и мртви! Утрото на тој 14 јануари пред 27 години не можеше да започне полошо за белградската полиција, која имаше полни раце работа.

Најкрваво било во кафулето кое тогаш се викало „Антика“, во трговскиот центар во Видиковац. На мал простор имаше избрана екипа, десетина луѓе, меѓу кои и некои локални „жестоки момци“.

Во текот на ноќта детонираа петарди, но во тие години имаше и многу пукање од вистинско оружје, пиштоли и автоматски пушки. Рафалите на небото не беа невообичаени и сите беа „опуштени“.

По честитањето, гушкањето и бакнувањето, прославата во кафулето продолжи со гласна музика. Тогаш одекна нов рафал, кој не отиде во небото, туку низ прозорецот на кафулето и во гостите кои безгрижно седеа внатре. Крвавиот пир, се дознава, започнал околу 03:15 часот.

Жртвите немаа шанса да избегаат или да се засолнат, стакло и куршуми летаа на сите страни. Од автоматската пушка биле погодени седум лица, меѓу кои и келнерката која била колатерална штета. Куршум ја ранил во ногата, паднала преку кварцната печка и се изгорела.

Но, тоа не било крајот на масакрот. Кога луѓето паѓале, со лелекање, убиецот се приближил, извадил пиштол и пукал во дел од оние што лежеле, „да се осигура“ дека се мртви! Жителите на околните згради не ни забележале што се случува, а напаѓачот или повеќе од нив се изгубиле во темнината и исчезнале без трага.

Тројца момчиња загинале на лице место, а неколкумина се ранети. Имало и таксист кој превезувал дел од застреланите. По кратко време во Ургентниот центар почина уште еден млад човек. На крајот грозоморниот биланс бил – четворица мртви, тројца ранети!

Убиени се Срѓан Јакшиќ (24), Милош Станковиќ (24), Миле Станиќ (19) и Александар Матовиќ (31). Ранети се Милан Павловиќ, Маријана Митровиќ и Сања Вуковиќ. За среќа три лица се спасиле без повреди.

Сколет беше осомничен

Убијците или убиецот никогаш не беа пронајдени. Подоцна беше кажано дека некој од „екипата од Видиковац“ им замерил на моќните криминалци за бизнисот со автомобили. Се шпекулираше и дека нарачателот е Зоран Ускоковиќ Сколе (37), кој на 27 април 2000 година беше убиен во престрелка, исто така во Видиковац.

Наводно, платил со живот затоа што бил етикетиран како организатор на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, на 15 јануари 2000 година, во хотелот „Интерконтинентал“.

На крајот на јануари 2021 година на Канарево Брдо беше ликвидиран и синот на Сколет, Зоран (22), наводно и како одмазда за убиството на Аркан. Во него пукал непознат убиец, маскиран во старец.