Почина Александар Диневски, еден од осудените во аферата Шпион, кој до денеска ја следат бројни контроверзи, а според обвинетите, станува збор за целосно монтиран случај, објави порталот Фактор.мк.

Александар Диневски е поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина“, од последните години пред распадот на екс Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.

За смртта на Диневски веста се шири преку социјалните мрежи.

„Уште една жртва на ШПИОН, по татко му и брат му, замина и АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ ДИНКА… Слава му!“, напиша новинарот Зоран Божиновски.