Ноќеска околу 2 часот по полноќ на бензинска пумпа во Атина, непознати напаѓачи испукале 97 куршуми од автоматско оружје во 44-годишниот сопственик на пумпата Вангелис Зампунис, познат по прекарот „Замбон“ објавија грчки медиуми.
Жртвата била застрелана во својот автомобил, каде што починала на самото место, додека автомобилот бил изрешетан со куршуми. 44-годишникот се обидел да се засолни во автомобилот, но не успеал, додека неговиот црн џип бил преполн со дупки од куршуми што ги испујкале џелатите. Во чантата во автомобилот имал оружје, но никогаш не успеал да го употреби. Во возилото бил пронајден и калашников со два магацини.
Според неофицијални информации, напаѓачите користеле црн џип, а на местото на злосторството биле пронајдени 97 чаури.
Жртвата веќе им била позната на властите, бидејќи била цел на оружен напад во 2018 година во близина на пристаништето Пиреј.
Полицијата го пронашла џипот во Атина, откако напаѓачите го запалиле за да ги прикријат трагите.