Тело на дваесет и тригодишен млад човек е пронајдено денеска во семејната куќа во селото Шкорица кај Ражањ, соопштија од полициската управа во Ниш.
– Во 13 часот и 30 минути бевме известени за пронаоѓање на телото на млад човек. За ова е известено Вишото јавно обвинителство – рекоа од полиција. Според неофицијални информации, нема индиции дека смртта на младиот човек е последица на кривично дело.
Жителите на Скорица се во шок откако дознале за трагедијата досега невидена во тоа село. Според мештаните, младиот човек ноќта ја поминал со своите пријатели, славејќи ја православната нова година.
По прославата отишол дома и веќе никој не го видел. Мајката и братот ја скршиле вратата од собата и го пронашле телото. Бидејќи не се јавувал на телефон ниту на мајка си, ниту на својот најдобар пријател, решиле да ја скршат вратата од неговата соба и го пронашле неговото тело на креветот со прострелна рана во главата.
Мештаните истакнуваат дека младиот човек бил исклучително добар и вреден, бил вработен и имал девојка, па неговите родители се надевале дека наскоро ќе може да се ожени.
Наредена е обдукција на телото на несреќниот млад човек, која ќе биде извршена во Институтот за судска медицина во Ниш.