Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Југослав Тодоровски почина вчера по долго и тешко боледување во својот дом во Скопје, опкружен со најблиските.
Беше градоначалник на од 1986 до 1991 година, по неколку претходни државни функции.
Професионалната кариера како градежен инженер ја почна и заврши во „Гранит“, како негов втор човек, а во политиката ќе остане запаметен како мудар и умерен човек.
Неговото семејство објави дека погребот ќе се одржи утре, на градските гробишта во Бутел во Скопје, а последен поздрав ќе може да му се оддаде во капелата од 11 до 12 часот.