Попладнево гореше објект во близина на црквата Св. Јован Крстител, во Нова населба во Велес, во кој е сместено казино.

– Според наши неофицијални информации, едно лице кое пред тоа играло во казиното земало бензин и го потурил влезниот дел од казиното и го запалил, објави локалниот портал Батали.нет.

Пожарот е локализиран по интервенција на Територијалната професионалната противпожарна единица на Велес. Екипи на брзата помош се на местото на настанот, нема повредени.