Пејачката Андријана Лазиќ почина на 28-годишна возраст, на 10 јануари 2024 година во Дубаи, кога падна од 24-ти кат. Како што објавија медиумите, Андријана отпатувала во Емиратите со своите пријатели, а пред тоа имала големи планови за себе.

Имено, таа на крајот на минатата година дури снимила две песни кои за неа ги компонираше Горан Ратковиќ Рале. Планирала кога ќе се врати од одмор да и се посвети на кариерата, но судбината била сурова.

Семејството беше обвиено во мрак по трагичната вест, а нејзиниот неутешен татко објави отворено писмо до починатата пејачка, но и слики од патувањето од Дубаи.