Тоа била толку необична сцена што Лидија Ковачиќ од Загреб на почетокот не била сигурна што точно гледа. Кога пред неколку дена првпат се сретнала со чудното суштество, тоа пребрзо побегнало. Толку брзо што не успеала ни да види за што точно се работи.

Но, денеска на 18 јануари повторно го видела и овој пат успеала да го сними, па веднаш тргнала во акција. Фотографијата ја споделила на Фејсбук и ги прашала луѓето што мислат, за кое суштество се работи и кому да го пријават. Имаше секакви коментари: едни тврдеа дека е куче, други дека е лисица, а некои дека е шакал. Но, сите се согласија за едно: животното е болно.

“Првпат кога го видов животното се исплашив. Потоа помислив дека е куче, па отидов кон него, бидејќи сакав да помогнам. Но животното побегна. Сепак, додека не тргнав кон него, небегаше, само ме гледаше некако незаинтересирано – истакна Лидија.

Таа е таа што го повикала Азил Думовец на помош. Прво ги прашала за кое животно се работи, а тие и рекле дека се работи за лисица со напредна форма на демодек, односно шуга. Во текот на денот поставуваат замки на местото каде што го видела животното и се надеваат дека лисицата ќе биде фатена во нив. Потоа ќе ја однесат во ЗОО и ќе ја лекуваат. Шугата е излечива.

„Не, тоа што лисицата дошла толку блиску до луѓето не значи дека е бесна, како што многумина мислат. Кај нас беснилото е искоренето и двапати годишно се спроведува програма за орална вакцинација против оваа болест. Работата е дека зоонозата е болест која овие животни можат да ја пренесат на луѓето, имено тенија“.

„Но, тоа е во нејзиниот измет, така што, со разумни хигиенски мерки, навистина е тешко да се зарази некој“, вели Дамир Скок, директор на ЗОО Загреб и додава:

„Луѓето не можат да се заразат со таа шуга. Но, да се има тоа значи дека животното не може да лови, бидејќи сето тоа е исцрпено, па доаѓа на места каде што лесно се наоѓа храна. Поради ова, било летаргично и трчало подалеку дури откако жената тргнала кон неа. Болна е и исцрпена“, истакнал Скок.