Околу два часа половина од жителите на Битола останаа без струја, од ЕВН велат тимовите веднаш излегле на терен и ја санирале состојбата. Струја снема во 19.30 и немаше до кај 21 часот. Во деловите кои беа без напојување голем број семејства се греат на струја.

Но, граѓаните се жалат дека за време на дефектот не можеле да добијат одговор од надлежните, бидејќи на телефонот на ЕВН се јавувала телефонска секретарка.

Прекинот на електричната мрежа настанал во 19 часот и 30 минути но, не се знаат точните причини за дефектот поради кои голем дел од жителите на Битола и околните места останаа во мрак и студ на зимски температури.