Едно лице загина, двајца се потешко, а седум се полесно повредени во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот меѓу Гевгелија и Богданци.

Во несреќата учествувале три патнички возила, од кои во едното 48-годишник криумчарел седум мигранти од Сирија.

-Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на патот Гевгелија – Богданци, на мостот на реката Вардар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М.(48) од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум лица мигранти од Сирија, патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(42) од Гевгелија и патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ.(37) од с.Стојаково. Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.

Билансот од несреќата е и двајца потешко, и седум полесно повредени.

-Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.М. и Е.Ј.(63), сопатничка во возилото „опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле мигрантите, констатирани во болницата во Гевгелија. Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР.