Ѓорѓе Давид имал сообраќајна несреќа во Северна Македонија, на магистрачниот пат Куманово – граничен премин Табановце. Несреќата се случила околу 20 часот, а според информациите во несреќата учествувале три возила.
Ѓорѓе на својот Инстаграм профил објави видео од автомобилот каде објаснува дека се враќа во Србија по состанокот што го имал надвор од државата, но дека снегот кој почнал да вее со луда брзина му го попречува патувањето.
– Завршивме и одиме во Србија, пред тоа ќе застанеме во Ниш. Единствено ненормално ми е тоа што во Гевгелија баш снег, а кога во Гевгелија вака паѓа вака снег е се полошо и полошо, постудено и постудено. Ја мразам зимата. Ја мразам зимата до коска – рекол Ѓорѓе Давид во видеото.
Еве што велат од полицијата
Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи синоќа во 20 часот.
– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.
Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.