Почина момчето кое се задавилоп од јаболко во јасли. Откриени биле бројни неправилности во работата на приватната градинка, а бебето се борело за живот од минатиот четврток.
18-месечно дете почина во болница откако се задави од јаболко во јасли во приватна градинка во Романија. Момчето од четвртокот било во кома и на одделението за интензивна нега.
„Смрт е констатирана денеска во 15 часот и 50 минути на одделението за интензивна нега“, соопштиле од болницата. Големо парче јаболко му пропаднало во душникот на детето во четвртокот, а воспитувачката повикала брза помош која во последен момент успеала да го реанимира детето и да го пренесат во болница.
По инцидентот е покрената истрага, а судот најверојатно ќе ја квалификува смртта на момчето како убиство од небрежност.
Истрагата утврдила дека приватната градинка во која одело момчето немала лиценца, но во документите на ЕУ била спомната како центар за рекреативни активности.
Тоа е трик кој им овозможува на градинките во Романија да основаат градинки и јасли без акредитација. Родителите на децата кои одат во истата установа велат дека нема да ги повлечат децата од таа градинка бидејќи нема друго место за нив.