Актерката, продуцентка и извонредна уметница од Црна Гора, Ивана Мрваљевиќ почина денеска на 47-годишна возраст.

Според извештаите, таа беше една од најважните црногорски актерки на сите времиња.

Родена е 1976 година во Цетиње, а во родниот град дипломирала на Факултетот за драмски уметности во класата на Бор Стјепановиќ во 1999 година.

Била и член на ансамблот на Градскиот театар, каде подоцна магистрирала продукција во Торино.

Ивана уште во студентските денови оствари неколку улоги, а најзначајните, како во театарот, така и на филмот и на ТВ, следеа во следните децении.

Била директорка на Градскиот театар во Подгорица од 2012 до 2016 година.