Меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица за кои Телма го дозна нивниот идентитет. Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија, подолго време е надвор од Македонија, објави ТЕЛМА.

– Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави телевизијата.

Според Телма, во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол.

Трајковски -Штекли, според полициски извори на Телма, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми.