Среде саботниот шопинг, семафор падна врз автомобили на раскрсница во Пазарџик во близина на супермаркетот Лидл, како последица на силниот ветар кој дуваше со близина од 40 до 50 км/ч.

– Кога се урнал семафорот, околу 11:15 часот, паднал врз хаубата на паркираните автомобили, нема повредени, но има сериозни оштетувања на автомобилите. Засега не се познати причините за несреќата, на лице место има претставници на компанијата која се грижи за семафорските системи, соопштија бугарските власти.