Чипсот од цвекло, пашканат, морков и сладок компир се повлекува од хрватскиот пазар поради зголеменото количество на акриламид, соопшти хрватската агенција за земјоделство и храна.
Овој производ не е во согласност со Регулативата на ЕУ за воспоставување мерки за ублажување и референтни нивоа за намалување на присуството на акриламид во храната.
Станува збор за производ од 40 грама со рок на траење до 4 мај.
Добавувач на производот е „Биовега“ од Загреб. Акриламид е канцерогена супстанца која се формира при термичка обработка на храна која содржи скроб на високи температури.