Трагичен инцидент се случи во саботата во раните утрински часови во Пиреја што резултираше со смрт на 18-годишен млад човек.

Поточно според информациите, во 04:40 часот Итната помош добила повик да оди во ноќен клуб во Пиреја. Таму затекнале млад човек во полусвесна состојба. Првите информации велат дека 18-годишникот бил во ваква состојба од консумирање алкохол.

Итната помош го пренела 18-годишникот во болницата „Цанио“ каде што се преземени сите потребни активности, но по кратко време од болницата ги известиле надлежните дека младиот човек починал.

Сега се очекува на телото на 18-годишникот да му биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за неговата смрт.