Припадници на МВР на сараевскиот кантон денеска го уапсија осомничениот Адем Шуман (23) за вчерашното убиство на Фарис Пендек во сараевската населба Отока.

Адем Шуман и се предал на полицијата во присуство на адвокат, по што според процедурата е уапсен. Тој се наоѓа на кривична истрага во МВР на КС.

Шуман е осомничен дека убиството го извршил од автомобил во движење, по расправија во сообраќајот.

Видеото и галеријата од изведувањето на осомничениот за убиството можете да ги погледнете во продолжение.