Четири бебиња починаа од голема кашлица во Институтот за мајки и деца во Белград.
Ова утрово за РТС го изјави д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и управител на клиниката за детски болести при Институтот за здравствена заштита на мајки и деца на Србија „Д-р Вукан Чупиќ“.
За жал, малите деца, доенчињата до 4 месеци може да добијат многу тешка клиничка слика, која кај нас заврши со смрт на четири деца“, вели д-р Вукомановиќ.
Како што додаде, едно дете во моментот е на вентилатор, што значи дека е многу загрозено.
„Има околу 70 деца со голема кашлица, половина од нив се хоспитализирани и тоа укажува на зголемување на децата со тешка клиничка слика“, вели д-р Вукомановиќ за РТС.