Почина задарскиот пејач Давид Рицов. Далматинскиот забавувач ненадејно почина ноќеска на 37-годишна возраст. Задарски лист прв ја објави тажната вест.
Со музика се занимава уште од детството, а кариерата ја започнал со пеење со постариот колега Бепо Матешиќ.
Со него сними бројни популарни песни, а заедно го добија грбот на градот Задар за промоција на далматинските песни.
Бил вработен и во Народниот музеј во Задар.