Сермед Мактуф доаѓа од Босна и Херцеговина и со сигурност е едно од најпознатите интернет лица на овие простори. Речиси и да нема човек кој нема изгледано барем едно видео со познатиот буцко, без разлика дали е ТикТок, Инстаграм, Фејсбук или некоја друга социјална мрежа.

Сермед деновиве е посебно актуелен во својата земја, но и во регионот, поради видеото во кое тврди дека одбил неверојатни 300.000 евра бидејќи не сакал да рекламира спортска обложувалница.

– Пред 20 дена одбив реклама од 300.000 евра, точно 25 илјади евра месечно на 12 месеци. Во прашање е една светска обложувалница која не сакам да ја рекламирам, сакаше договор да ги „стримам“, тоа се многу големи пари, но не постојат пари за кои ќе се продадам себеси. Не сакам да рекламирам работи кои уништуваат семејства, уништуваат луѓе, уништуваат друштва, вели Сермед.

Додава дека има информација оти преку милијарда и 700 милиони потрошени се минатата година на коцка во БиХ.

– Знаете ли вие со тие пари што се може да се направи? И јас да рекламирам тоа, да ме гледааат младите, да го пропагирам тоа не доаѓа во предвид. Кој и да го рекламира тоа од инфлуенсерите јас не го осудувам, бидејќи јас не сум личност која осудува, јас не сум Бог, ама јас нема, вели Сермед во видеото.

Снимката можете да ја погледнете во продолжение:

Sermed odbio reklamu od 300 000€ , da li je ispravno postupio?

Posted by Bugojno Danas on Saturday, February 3, 2024