Босанските медиуми потсетуваат на големиот снег што падна во февруари 2012 година. Главниот град на Босна и Херцеговина беше целосно блокиран.

Имено, на 4 февруари 2012 година во Сараево се измерени 101 сантиметар снег. Трамваите заглавија, а дел од граѓаните кои доцна тргнаа дома спиеја во возила на градскиот превоз, бидејќи беа блокирани и сите споредни улици.

Оние кои морале да ги напуштат своите домови за да одат на работа или на друга дестинација, тоа можеле да го прават исклучиво пешки.

Наставата во основните и средните училишта беше прекината, а термините за полагање беа одложени за следната недела. Голем број граѓани решија да помогнат во чистењето на улиците во градот, додека најмладите уживаа во санкањето. Волонтерите на Црвениот крст делеа храна и чај.

Тогаш во Мостар паднаа 87 сантиметри снег.