Млад човек од западноукраинскиот град Лавов преживеа пад од 15-ти кат!

Неверојатната сцена ја снимил сосед од соседната зграда.

На видеото се гледа како младиот човек кој има 21 година се држи за оградата на балконот, по што паѓа на автомобил паркиран пред зградата.

Покривот на караванот, сепак, го ублажи ударот и младиот човек преживеа.

Локалните медиуми неофицијално наведуваат дека тој скокнал од зградата поради депресија.