Маскирани полицајци на специјалната полиција на Словенија за време на настава упаднале во Основното училиште на „8 заложници“ во Логатец, место во близина на Љубљана и ја уапсиле наставничката.

Апсењето е извршено во рамки на голема криминална акција против забранети супстанци, односно дрога, јави Радиотелевизија Словенија.

Полицијата соопшти дека приведувањето го извршила претпазливо и внимателно и дека наставничката не бил уапсен пред очите на учениците. Директорката на училиштето рече дека нема никаква врска со апсењето.

Апсењето на наставничката е резултат на големата криминална акција што беше спроведена минатата недела, кога беше разбиена меѓународна организирана криминална група осомничена за недозволено производство и трговија со дрога.

Шестмината осомничени потоа се изведени пред истражен судија кој по рочиштето на сите им одредил притвор, соопшти тогаш полициската управа Марибор. Засега не се знае каква улога имала наставничката, која е седмоуапсена од групата која е лишена од слобода.