Мајка и две деца загинаа откако жица од далновод која била зафатена од скршена гранка паднала во базенот каде што пливале. Трагедијата се случила на фарма за одмор во бразилскиот град Рио Бранко до Сул во неделата околу 14 часот и 30 минути.

Смртно настрадале Росели да Силва Сантос (41), нејзината бремена ќерка Емили Рајане де Лара (23) и синот Агнер Кутињо дос Сантос (17). Спасувачката служба испратила хеликоптер на помош, но леталото не можело да се приближи поради лошите временски услови.

Случајни минувачи ги однеле жртвите во локалната итна помош, по што биле префрлени во болницата Евангелико во Куритиба.

Локалните медиуми јавуваат дека местото за одмор било изнајмено група од околу 40 луѓе и дека во моментот на трагедијата не врнел дождо, туку дувал силен ветер кој откорнал гранка која паднала врз електричната инсталација.

Електричната компанија Копел објави дека соборената жица е резултат на бурасо ветрови над 60 км/ч и дека електричната мрежа е изградена во 1980-тите. Градот Рио Бранко до Сул соопшти дека истражува дали местото има дозвола за работа.