Големите женски усни станаа задолжителен дел од визуелниот приказ на понежниот пол, па од оваа пракса која премина кон конформизам ретко има отспапки.
Вештачкото му предничи на природното, а волуменозните усни со филери и хијалурон веќе како да се задолжителни, особено за оние со јавна професија.
Исклучоци има многу малку, а една од нив е фолк пејачката Сузана Гавазова која е задоволна од она што и го дала мајката природа и може дополнително да го нагласи со шминка, секако доколку сака.
Сепак, и Сузе некако не издржа да не види како ќе изгледа со „напумпани“ усни и тоа од оние најголемите.
Со ваквата промена едвај ќе ја препознаете од нејзините „стори“ на Инстаграм додека ја пее „Маскарада“ од Цеца. Волуменот на усните беше толку изразен, што таа едвај можеше да се види како ја отвора устата додека пее.
И кога можеби помисливте дека згрешила, таа покажа дека ова е само апликација со која си поигра на социјалната мрежа.
Потоа проба и каква би била доколку ги коригира и јаболчниците и има популарно „бејби фејс“.
Сепак, ова беше само потполнување слбодно време преку забавните апликации, па следно Гавазова се покажа во вистиснкото светло.
Бујна, стројна, со сите атрибути дадени од мајка природа.