Претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами во интервју за весникот Лајм изјави дека е дојдено времето за претседател на Македонија да биде избран Албанец и оцени дека идеален кандидат за оваа функција е претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, пренесува порталот МКД.мк

– Многу искрено разговаравме со докторот Арбен, тој дa е кандидат за претседател. Ја знаеме неговата загриженост за овие случувања во рамките на Алијансата. Сметам дека ова треба да заврши, а не да продолжи на ниво на закани и уцени. Во таа насока, посакувам што поскоро да се расчистат сите дилеми во Алијансата и силно верувам дека д-р Арбен Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател не само на албанската опозиција, туку и кандидат за кој верувам дека би било прифатлив за сите граѓани на Северна Македонија и верувам дека Северна Македонија е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како симболиките што ДУИ ги понуди за овие 20 години владеење, што кулминираше со оваа техничка влада каде што имаме премиер Албанец, половина влада Албанци, но Албанците се подискриминирани од кога било – изјави Касами за весникот Лајм.