Сега конечно е задоволна со својот сексуален живот, но стравува дека возбудата наскоро ќе исчезне.

„Мојот сопруг и јас сме во финансиски проблеми откако тој ја загуби работата, па му предложив да имам секс сопственикот на станот каде сме под кирија, за да не треба да ја плаќаме киријата. На мое изненадување, тој се согласи, а јас потајно се возбудив“, напишала една жена за The Sun.

Таа има 25 години и се дијагностицира како зависничка од секс, додека нејзиниот 30-годишен сопруг е многу посмирен и имал само еден сексуален партнер – неа. Таа се договорила со сопственикот и ја започнале својата афера.

„Тоа беше најдобриот секс што сум го имала во последните години. Бев пресреќна што се согласи. Штом се вратив во станот, мојот сопруг знаеше што се случило. Не бараше детали, а ни јас не сакав да ги откријам. Но, мојата авантура го возбуди и го имавме најдобриот секс во нашата врска“, продолжи таа.

Сега конечно е задоволна со својот сексуален живот, но стравува дека возбудата наскоро ќе исчезне. Се прашува дали треба да му предложи на сопругот да имаат отворен брак, односно да се гледаат со други луѓе, но се плаши дека ако каже не, сепак ќе го изневери.

– Сексот со друг маж го подобри односот меѓу вас и вашиот сопруг, но лесно може да ве распарчи. Ако открие дека не е доволно добар за вас, тоа би можело да ја уништи неговата самодоверба, која и онака е кревка од губење на работата. Сега кога динамиката во вашата врска се промени, треба да се вратите на вистинскиот пат со искрен разговор. Ако имате различни нагони, можеби ќе треба да научите да правите компромиси. Можеби наместо да имате секс со други луѓе, би можеле да ги споделите вашите фантазии за тоа со сопругот за да го зачините вашиот сексуален живот“, ѝ одговорила Дејдре.