Како што дознаваат хрватските медиуми од Полициската управа Меѓумурје, исчезнатиот Невен Новак наводно контактирал со полициски службеници.
Имено, Невен исчезнал на 7 јануари кога заминал од Чаковец во непознат правец. Неговото семејство го пријавило за исчезнат.
Оттогаш речиси еден месец немаше никакви информации за него, но денес наводно контактирал со полицајците, а исто така на објава на хрватски портал дека е исчезнат, остави реакција „хаха“ на самата објава.
Со ова најверојатно е завршена потрагата по него.