Дани Алвес ги доживува најтешките моменти во својот живот и од вчера започна судењето во кое е првообвинет за силување, случај кој датира од крајот на 2022-ра година за инцидент кој се случил во ноќен клуб во Барселона.
Младата девојка која го пријави Бразилецот има улога на заштитен сведок во дадениот случај и дава изјави без да се појави од судницата, а вториот работен ден во судот во Барселона бил посебно интересен за новинарите, бидејќи денеска изјава дала и сопругата која остана изневерена од Алвес.
Познатата Јоана Санц се уште е во брак со Алвес и не покрена иницијатива за развод, а денеска сведочела во корист на одбраната и открила во каква состојба се вратил Дани од ноќниот клуб во кој наводно направил ужасно дело.
– Кога се врати рано утрото, тој беше премногу пијан и мирисаше на алкохол. Се удри во гардероберот и падна на креветот. Не вредеше да се зборува со него тоа утро, оставив за наредниот ден.
– Имавме и Ватсап конверзација порано во ноќта, јас само го прашав дали ќе се врати за вечера, а тој ми рече не. Последниот контакт таа вечер го имавме во 23 часот, – гласи изјавата на Санц.
Само за потсетување, легендарниот десен бек во дадениот случај дури во пет наврати ги менуваше изјавите, но последната му е дека бил премногу пијан и дека не памети многу работи од споменатата вечер.
Алвес во случајот се обвинува за сериозно физичко и психичко нарушување, а максималната казна во Шпанија за вакво дело е казна затвор од 12 години.