Босна и Херцеговина синоќа ја потресе нов случај на фемицид – полицаецот Елвис Ќустендил со неколку истрели од службениот пиштол ја уби Амра Кахримановиќ во Тузла.

Комесарот на МВР при тузланскиот кантон Џевад Корман на прес-конференцијата на полициското одделение потврди дека Ќустендил ја убил Кахримановиќ со службен пиштол. Дека Ќустендил бил во алкохолизирана состојба потврди и Корман. Тој е суспендиран од денеска.

Потсетуваме, Ќустендил синоќа во трговски центар во Тузла испука неколку куршуми кон Кахримановиќ. Недолго потоа Ќустендил избегал, а со брза интервенција на Специјалната единица на МВР бил уапсен пред зградата во која живеел.

На свирепото убиство посведочиле други гости и вработена во кафеаната.