Драма се случуваше денеска во италијанскиот град Неапол.

Маж ја уби сопруга, па се забарикадира во својот стан и од балконот пукаше. На местото на настанотбрзо пристигнаа полициски екипи и направија безбедносен обрач околу зградата. На местото пристигнаа и специјалци и преговарач.

Преговорите со него биле неуспешни, а откако сфатил дека полицајците упаднале во неговиот стан, тој се самоубил. Пред да се самоубие, тој извикувал нејасни реченици, меѓу кои: „Јас ја убив“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, се работи за поранешен чувар, по име Пинто, кој најверојатно со нож ја убил сопругата Ева Каминска со која има три деца. Две од децата се малолетни и во моментот на инцидентот биле на училиште, додека третото било на екскурзија.

Двете тела се пронајдени во спалната соба, пренесува „Кориере дела сера“.