Во СВР Штип било пријавено дека во село Оџалија, општина Карбинци, вчера во 11.30 часот избил пожар во штала, сопственост на А.С.(80) од селото.

Притоа, со повреди се здобил сопственикот и починал на местото.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, информира МВР.