85 делегати на Алијансата за Албанците вечерва одлучија нивната партија да се приклучи на опозицискиот блок.
Имено, вечерва во Куманово АА на Арбен Таравари одржа средба со граѓаните, а меѓудругото и партиско Собрание каде што мнозинството делегати, од 85, му ја дадоа поддршката на Таравари за коалиција со Европскиот сојуз за промени (ЕСП).
После ваквиот сплет на настаните, веќе е јасно дека Алијансата за Албанците предводена од Таравари и со поддршката на мнозинството делегати, како и на големиот број на членови, симпатизери и граѓани кои бараат промени ќе се приклучи на опозицискиот блок, кој што претендира победа на парламентарните избори на 8-ми мај.