(ФБ СТАТУС НА МАРТИН КЛИНЧАРОВ)
Не ја разбирам оваа хистерија сега… другари, се ова ви беше кажано, разложено до најситни детали и изџвакано и во 2016та и во 2020та година. Вие гласавте за ЕУ, бесплатно здравство, Елон Маск и НАСА, Фејсбук и Гугл, укинување на радиодифузна такса и екстерно тестирање.
Зоќе, од нива црпнатиот, Заев заедно со ‘европските’ прогресивни сили од Мала Речица ве шетаа боси по трње, вие рушевте ‘режим’ заедно со Димче и Павле шарајќи го градов и кршејќи институции.
И сега проблем е, а?! Проблем е, јеби га!
Голем проблем. Иако, мислам дека не ви е толкав проблем што системов е во тотален колапс и хаос, туку тоа што нема да се стигне да се сменат пасошите до Велигден, за да тркнете до Пефкохори. Убава спојка е…
Ај бе ве боли к*р, важно срушивте ‘режим’ со пенкало, ќе се лечите бесплатно во НОВИОТ клинички центар до кој ќе стигнете со новите електрични автомобили произведени во Тетово, поминувајќи покрај претставништвата на Гугл и Фејсбук… или не… 🙄
А во суштина, најголем проблем е што се ова ќе се заборави до среда, како и се друго до сега…