Вчера била пронајдена мртва Вања Стојковиќ (27) по која трагала цела Кула, дознава „Блиц“.

Вања исчезнала во саботата околу 18 часот во Кула, а телото на несреќната девојка го пронашол нејзиниот сопруг во Црвенка вчера околу 13 часот.

– Како што неофицијално дознаваме, постои сомнеж за самоубиство, но точната причина за смртта ќе се знае дури по обдукцијата, објавија медиумите.