Повеќе возила отколку налепници ваква е сликата во станиците за технички преглед во Скопје. Граѓаните нервозни од наметната обврска бараат полесен начин да дојдат до налепници. Вработените велат како што пристигаат така се трошат.
Граѓаните треба лично да отидат со возило и сообраќајна во техничкиот центар и да пополнат барање по што вработените ќе ја залепат налепницата врз регистарските таблички. Оние кои беа таму за Телма велат дека ова е непотребно измачување.
Гужви за налепници има и во Штип и во Битола. Граѓаните таму се револтирани што треба да ја поминат и процедурата со видео надзор при лепење на налепниците. Поради големата побарувачка во Тетово веќе се потрошени сите налепници кои ги добиле.
Од утре возачите мора на регистарските таблички да имаат налепница НМК во спротивно нема да можат да ја напуштат државата. Налепниците мора да ги имаат сите возила чии таблички се со кодот МК или немаат никаков код. Налепниците се бесплатни за граѓаните и истите можат да се земат во станиците за техничките станици.