Форд експлодираше додека полнеше природен гас, тоа скапо ги чинеше шверцерите

Снимката од експлозија на автомобил на бензинска пумпа, која се полнела со природен гас (CNG) во мало гратче на северот на Аргентина, го обиколи светот.

По експлозијата, килограми скриен кокаин биле расфрлани низ воздухот од возилото, што открива подлабока нелегална операција. Резултатот, за среќа, не е трагичен: при експлозијата две лица се полесно повредени, а едно лице е уапсено.

Причината за експлозијата се уште не е позната, но добро е што жената која го управувала автомобилот и трите деца во тој момент биле надвор од возилото.

Ова се должи на безбедносните прописи во Аргентина кои бараат од патниците да го напуштат своето возило додека го полнат возилото со компримиран природен гас.