Девојче кое се роди со бенка по целото лице, при раѓањето ги шокираше медицинскиот персонал и родителите – и сето тоа поради дамка на лицето.

Од Натали Џексон од Северна Дакота сите го вртат погледот каде и да се појави поради дамката со која е родена. Натали е родена со црна бенка која ја покрива горната лева четвртина од нејзиното лице, давајќи и препознатлив изглед кој нејзините родители го нарекуваат нејзина „маска за супер херој“.

Кога Натали се роди, таа беше совршено здрава, освен една голема бенка на лицето за која нејзината мајка, Ласи претпоставуваше дека е себум.

– Беше толку посебно да се слушне нејзиниот прв плач. Тогаш медицинската сестра ја подигна, по царскиот рез, и видов голема црна дамка на левата страна од нејзиното лице. Беше толку убава, но дамката личеше на масница и се загрижив дека тоа е резултат на нешто што го правев за време на бременоста – рекла таа.

Откако лекарите ја прегледале, заклучиле дека местото всушност е бенка. Леси признава дека таа и нејзиниот сопруг Андреј на почетокот реагирале „панично“. Но, кога експертите им кажале дека Натали е здрава и дека дише нормално, сфатиле дека оваа бенка не е причина за паника.

Всушност, тие одлучија да не ја отстранат со надеж дека луѓето ќе ја прифатат онаква каква што е, а не поради нејзината кожа.

-Додека ја држев во раце, потполно маѓепсана од неа, се плашев дека луѓето ќе ја гледаат само преку тоа дамка, а не поради нејзината прекрасна личност која сигурно ќе ја има еден ден – изјавила Ласи.

Кога двајцата постари сина Елиот и Девин за прв пат ја запознале својата сестра, овие мали обожаватели на „Бетмен и Робин“ веднаш и дадоа посебен прекар. „Еден од нив праша што има на нејзиното лице. Му реков дека тоа е нејзината маска за супер херој“, се сеќава Ласи.

Џексонови ја однеле Натали кај разни специјалисти за да се уверат дека бенката не и пречи на видот и дека нема да предизвика рак на кожата, а кога дознале дека е безопасна, решиле да ја остават. Беа само загрижени дека другите ќе бидат сурови кон детето бидејќи таа е поинаква, но цврсто веруваат дека силата на духот ќе го води нивното девојче и низ најтешките животни бури.

– Знаеме дека понекогаш може да и биде тешко, но младоста значи дека ќе мора да биде силна без разлика што и носи животот – изјавила Ласи.

Лекарите рекоа дека бенката ќе порасне со неа, па секогаш ќе покрива голем дел од нејзиното лице.

Девојчето сега има 5 години, бенката доста избледе, веќе не е темна боја.