Најмалку 15 лица загинаа во сообраќајна несреќа која се случила во вторникот на автопатот што ја поврзува Александрија со Каиро, јавуваат египетските медиуми.

Седуммина се повредени во сообраќајна несреќа во областа Амрија кај Александрија.

На местото на настанот излегле пожарникари и возила на брзата помош, додека сообраќајот на местото на несреќата е привремено запрен.