Соочени со невидена глетка во понеделникот наутро, полициски службеници упаднаа во колиба во планинската област Трикала, Коринт, по жалба дека нејзиниот 45-годишен сопственик запалил возило на ловџии минатата сабота, а потоа и пукал кон нив.

Под куќата од кал и старата подвижна куќа , во која живееле 45-годишниот маж, неговата сопруга и нивните четири деца, полицијата пронашла подземен тунел долг 30 метри, кој води до провалија.

Истовремено, во куќата, но и во автомобилот на 45-годишниот бил пронајден цел арсенал составен од седум импровизирани лакови, 20 стрели, едно импровизирано оружје, четири ножеви, воздушен пиштол, 102 куршуми од ловечка пушка и 81 чаури од воена пушка.

Скривалиштето на „пештерските луѓе“ е откриено по жалбата на ловџија кој минатата сабота видел како 45-годишникот го запалил неговото возило, а потоа пукал кон него. Нападот врз него, 67-годишникот го пријавил во Полициската управа Ксилокастро, а следниот ден полицијата отишла во скривницата на 45-годишниот со цел да го приведе.

Веднаш штом тропнале на вратата од куќата, 45-годишниот маж заедно со сопругата, синот и ќерката почнале да ги туркаат полицајците додека 22-годишната ќерка од семејството се фатила за стап и удрила полицаец на главата. Потоа со оружје в рака излегле од колибата и побегнале пукајќи во воздух за да не ги следат полицајците.

Како што се жали 67-годишникот кој беше на удар на „пештерските луѓе“ , 45-годишникот не се двоумел да пука во групата ловџии штом се приближиле до нивното скривалиште.

Погледнете ги фотографиите: