Познатиот македонски пејач Ѓоко Танески во емисијата „Нешко конкретно“ откри дека по долго трагање ја пронашол својата родена сестра

– Некое време не знаев дека постои, па после дознав, па не можевме, па ја најдовме… и така сега живееме како никогаш да не сме биле разделени – раскажа пејачот од Охрид.

Имено водителката Снеже Велков го праша и што тоа после цели 45 години му промени во однос на погледот на животот, а тој одговори дека со тоа сфатил колку е важна фамилијата и колку е важно да имаш за кого да се бориш.

Откри дека сега се бори и за неа и за двајцата внуци кои ги има од неа.