МВР извести дека вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала Д.С.(67) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.