СДСМ се подготвени да отстапат половина од носителите на кандидатските листи доколку ДУИ се решат со нив да одат во предизборна коалиција, брифира висок извор од СДСМ за Слободен Печат.
Нема информации дали брифингот доаѓа пред и по изјавата на Премиерот Ковачевски дека СДСМ ќе има носители во сите 6 изборни единици.
„На финалната средба која треба да се одржи до крајот на неделава, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе го убедува лидерот на ДУИ Али Ахмети со заеднички листи да настапат на парламентарните избори и ќе бара поддршка за претседателскиот кандидат на СДСМ во вториот изборен круг, откако стана јасно дека ДУИ ќе излезе со свој кандидат за шеф на државата, вели за „Слободен печат“ висок функционер од СДСМ. Ковачевски не се откажува од „Eвропскиот фронт“ и на одделна средба ќе се види и со Зијадин Села, лидер на дел од Алијанса за Албанците, за заеднички настап на парламентарните избори.“ – пишува весникот.
Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ ќе има свои носители во сите изборни единици.
„Сигурно СДСМ ќе има свои носители во сите изборни единици. Дали дел од тие пратенички листи ќе идат претставници и од други политички партии кои што не се традиционално со нас во коалиција, вклучително и ДУИ, тоа ќе го покажат анализите и секако одлуките на партиските органи.“ – изјави Ковачевски.